Сопственикот на „Езимит“ доби условна казна затвор во случајот „Империја“

30.03.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопственикот на „Езимит“ доби условна казна затвор во случајот „Империја“

Зоранчо Митровски, сопственикот на компанијата „Еземит“, доби условна казна затвор од две години, во раздвоената постапка за случајот „Империја“ по признание на вина.

Двегодишната казна затвор му се изрекува доколку во следните пет години не стори друго кривично дело. Митровски и „Еземит вино” ДООЕЛ солидарно треба да платат и штета од 92,25 милиони денари во корист на Буџетот.

Обвинетиот на претходното рочиште доброволно даде признание на вина за делата кои му се ставаат на товар за злоупотреба на службена положба и перење пари.

Своевремено во периодот 2012/2013 со искористување на своите позиции во Одборот на директори на АД Бетон и за лична корист, заедно со останатите обвинети, нанеле штета од 256 милиони денари или 4 милиони евра на АД Бетон.

„Судот за кривично дело злоупотреба на службената положба му утврдува казна затвор од една година и три месеци, додека за делото перење пари казна затвор од една година и еден месец. Согласно законот за двете кривична дела Судот му одредува една единствена алтернативна мерка условна осуда казна затвор од две години затвор, ако во следните пет години не стори друго кривично дело“, рече  судијката Николовска Масевска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата