Анѓушев до стечајците од „Охис“: Треба да се пријави ако има сомнежи за злоупотреби на имотот на фабриката

25.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Анѓушев до стечајците од „Охис“: Треба да се пријави ако има сомнежи за злоупотреби на имотот на фабриката

Средба со поранешни вработени од фабриката „Охис“ кои штрајкуваа пред Владата незадоволни од спроведената стечајна постапка оствари денеска вицепремиерот задолжен за економски прашањa, Кочо Анѓушев.

Како што информираат од владината прес-служба, на средбата било констатирано дека стечајната постапка на „Охис“ е завршена и спроведена од судските и стечајните органи, во процес во којшто Владата немала ингеренции и не се мешала.

Од страна на Анѓшев на поранешните вработени им било објаснето дека Владата ги разгледува можностите во рамките на сопствените ингеренции и законските можности за изнаоѓање на решение во врска со нивните барања.

„Владата не се меша, ниту ќе се меша во судски одлуки, а по обвинувањата од вработените дека постојат сомнежи дека во минатото се правеле злоупотреби на службената должност и се оштетувал имотот на ‘Охис’, а со тоа и имотот на државата, сите евентуални злоупотреби и сомнежи треба да се пријават и споделат со државните органи кои спроведуваат истражни постапки“, истакнал вицепремиерот.

Од Владата исто така потсетуваат за донесениот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, преку кој се обезбедуваат околу 7800 денари или 34% од просечната плата на месечно ниво за лица кои имаат остварено преку 15 години стаж во некоја компанија која била во државна сопственост.

Во овој момент ваквото право го користат околу 8.000 лица, меѓу нив и поранешни вработени во „Охис“.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата