Сепак не е се како што сака да изгледа пејачката - КАРЛЕУША И ТОШИЌ имаат опасни проблеми!

25.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сепак не е се како што сака да изгледа пејачката - КАРЛЕУША И ТОШИЌ имаат опасни проблеми!

Откако во јавноста се појавија разно-разни шпекулации за наводната љубовна афера меѓу Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, бракот на пејачката и сопругот Душко Тошиќ е на климави нозе. Откако прво се зборуваше дека се разведуваат, па тие демантираа... по некое време се отследија и од Инстаграм, но набрзо се вратија на староо... Сега изгледа пак има проблеми во рајот. 

Пред некое време на свадба Душко се појави сам, немаат заеднички фотки, а сега пак не се „пријатели“ на Инстаграм. Имено, бројот на луѓе кои Карлеуша ги следи од вчера се намали од 38 на 37, затоа што името на нејзиниот актуелен сопруг веќе не е меѓу нив, а ситуацијата е иста и кај Душко, и тој ја отследил. 

Што точно се случува во моментов е мистерија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата