Мијата има нова песна со силна порака - Има надеж, секогаш има надеж за подобро утре

25.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мијата има нова песна со силна порака - Има надеж, секогаш има надеж за подобро утре

Мијата вчеравечер и официјално пред јавноста го претстави своето ново музичко парче насловено „Полетај“. Станува збор за композиција која е стилски многу поразлична од се досега видено од неа, но и тема за која пејачката раскажува интересна приказна. 

„Полетај е приказна која се крчкаше и создаваше во изминативе три месеци. Сѐ започна кога на музичкиот фестивал во Италија кои ги собра контролорите на летање, ја слушнав оваа песна. Ја пееше една навистина интересна група од Германија. Откога авторот ми дозволи да ја препеам на македонски започна редењето на коцките“, вели Мијата и додава: „Ова што го направивме заедно со целиот тим е само доказ дека ако нешто вистински се сака, тогаш ништо не е невозможно. Едноставно нештата се редеа сами.“

"Полетај" е  музичко дело на  Ханс Греис, текстот е на Мијата, а аранжманот го направи Дамир Пух чие дело се и специфичните гитарски делници. Во видеозаписот, пак, кој е дело на Огнен Шапковски и Мелем продукција како дел од бендот учествуваат Иво Митковски на тапани, Кире Мирчовски на гитара и Ване Ѓорговски на бас. Во спотот инаку е раскажана приказна за апокалипса и спасот од неа.

„Можеш да шириш крилја, не чекај, полетај", вели Мијата во својата нова песна, чија порака е дека има надеж, секогаш има надеж за подобро утре, за надминување на проблемите, за живот со полни гради, за добра музика, каква што е новата рок песна на Мијата.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата