Жената која Систина ја спасуваше од мувите и третманот во кумановската болница - Е МАЈКА НА ЗЛАТНОТО МОМЧЕ МАРКО

24.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жената која Систина ја спасуваше од мувите и третманот во кумановската болница - Е МАЈКА НА ЗЛАТНОТО МОМЧЕ МАРКО

Илинка Арсовска жената околу која се дигна вистинска драма да и се олесни болката , болеста и лекувањето е мајка на 11 годишниот Марко – детето кое гази река  и преминува граница за да оди на училиште.

Додека тој последниве два месеци одеше преку реката на училиште неговата 42 годишна мајка се бореше за живот во болница во Скопје. Таа сега е на интензивна нега во врвни хигиенски и лекарски услови во приватната болница Аџибадем Систина.

Кој е Марко? Што се пишуваше за него?

Марко Арсовски од селото Горни Старац, Општина Бујановац, Србија, шест години оди на училиште во селото Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, затоа што нема школо во своето село. На реката Пчиња нема мост, па секое утро и пладне, сам или со помош на своите родители ја гази водата

„Станувам наутро најдоцна до 6 часот. Ако не е голема реката, поминувам брзо и излегувам на патот каде го чекам училишното комбе. Ако е надојдена водата, морам да заобиколувам околу 1,5 километар по козји патеки за да излезам подолу на патот. Кога е топло газам и бос, проблем ми е во зима, морам да облечем гумени чизми, па да ги собујам кога ќе ја поминам реката, да внимавам да не ги наводенам нозете. Некогаш кога немам време или ќе задоцнам, татко ми или брат ми на грб ме носат преку река или со трактор“, раскажа лани Марко за порталот SDK.MK.

Голем проблем е што немаат мост безбедно да ја минуваат реката. Маката ги терала повеќепати да прават импровизирано мовче, кое траело до првото надоаѓање на водата. Брат му Милош го носел на грб за да ја поминат реката но се случило да се сопне и двајцата да паднат во водата.

Семејството на Илинка живее во трошна куќа во кое нема купатило. Освен Марко, таа ги има и Милош и Дарко кој е болен од церебрална парализа. Таткото е со хендикеп. Најстарото дете не оди на училиште оти немаат средства да платат.

Илинка доживува мозочен удар поради енормно висок притисок. Од дома до болница ја носат со такси во Клиника каде лекарите успеваат да ја спасат. По извршените операции и престојот на Клиника донесена е одлука таа да биде преместена во Кумановската болница ,а од први јули да оди на рехабилитација. Но условите се несоодветни за третман на толку тешко болна пациентка и по видео сторијата на Досие.мк хуманоста се покажа на дело. Болницата Аџибадем Систина и врвниот лекар Митко Караѓозов се нафаќаат да ја земат и лекуваат бесплатно.

Деновиве докторите ќе кажат повеќе детали околу нејзината состојба.

фотографијата е сопственост на порталот SDK.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата