По рекордниот број претставници во финалето на Ѕвездите на Гранд - АПСОЛУТНА ПОБЕДА ВО НИКАД НИЈЕ КАСНО! Останаа уште Пинковите ѕвездички

24.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
По рекордниот број претставници во финалето на Ѕвездите на Гранд - АПСОЛУТНА ПОБЕДА ВО НИКАД НИЈЕ КАСНО! Останаа уште Пинковите ѕвездички

Откако минатонеделното финале на Ѕвездите на Гранд помина во знакот на четворицата македонски изведувачи, кои можеби не ја однесоа победата, но остануваат во Грандовото јато и оставија свој печат, уште едно музичко натпреварување во соседството заврши успешно за македонските натпреварувачи. Овојпат станува збор за синоќешното финале на музичкото шоу Никад није касно во кое победија македонските натпреварувачи Бејхан Рамов и Ленче Кукиќ. Бејхан доби најмногу СМС гласови од публиката, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

- Добро се чувствувам, сакам да пеам и на турски и на српски јазик, изјави Рамов по победата, кој инаку има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Се оженил на 16 години и сега има три деца и еден внук.

Ленче Кукиќ, пак, и е добро позната на македонската јавност, и таа ги собра симпатиите на стручното жири, но ја однесе и победата според гласовите на Фејсбук.

- Ви благодарам, не знаете колку многу ми значи. Уште сум под импресии. Можам да ви ветам дека ќе продолжам да сонувам и да ја изненадувам публиката, рече Кукиќ откако ѝ го врачија признанието. 

Интересно е дека и нејзиниот сопруг беше дел од ова шоу и и тој победи, па не случајно во синоќешното финале се пошегуваа дека го чекаат следниот кандидат од семејството Кукиќ.

Наши кандидати има и во Пинковите ѕвездички, па добри вести очекуваме и од ова натпреварување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата