Американски генерал откри што пронашле на кинескиот шпионски балон: „Тоа не е случајно“

5.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Американски генерал откри што пронашле на кинескиот шпионски балон: „Тоа не е случајно“

Нуркачите на американската морнарица се обидуваат да ги пронајдат остатоците од кинескиот балон кој беше соборен од борбен авион Ф-22 на американските воздухопловни сили во близина на брегот на Јужна Каролина.

Поранешниот американски адмирал Мајкл Мулен вели дека очекува тоа да се случи брзо, а потоа експертите ќе ја анализираат кинеската опрема.

Американски борбен авион Ф-22 собори кинески балон со ракета „воздух-воздух Sidewinder“. Пентагон тврди дека кинескиот аеростат бил наменет за шпионирање или снимање на тајни воени објекти. Остатоците од балонот се расфрлани на голема површина, јави Би-Би-Си.

Инцидентот со шпионскиот балон предизвика и дипломатска криза, па шефот на американската дипломатија го откажа претходно најавеното патување во Пекинг поради „неодговорните постапки“ на Кина.

Официјален Пекинг демантираше дека станува збор за шпионски балон, тврдејќи дека се работи за метеоролошко-научен балон што го носеле воздушни струи над континенталниот дел на САД.

Адмиралот Мајкл Мулен, поранешен командант на Здружениот генералштаб на САД, рече дека верува оти кинеската војска намерно го лансирала балонот за да ја прекине посетата на Блинкен на Кина.

Посетата на американскиот министер за надворешни работи на Пекинг требаше да биде прва средба на толку високо ниво меѓу американски и кинески претставници.

Мален го отфрла предлогот на Кина дека ветровите го однеле балонот, велејќи дека е маневрирачки и има монтирани пропелери.

„Тоа не беше случајно, беше намерно. Тоа беше собирање разузнавачки информации“, рече Мулен.

Балонот, за кој се верува дека е со големина на три автобуси, летал на голема височина и паднал на околу шест наутички милји од брегот на САД во 20.39 часот по средноевропско време во саботата.

Беше објавено и видео од моментот на соборување на балонот, на кое се гледа како голем бел предмет паѓа кон морето по мала експлозија.

Фото: принтскрин твитер

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата