Тинејџерка прв пат заиграла лото и освоила 33 милиони евра, па ангажирала финансиски советник

5.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тинејџерка прв пат заиграла лото и освоила 33 милиони евра, па ангажирала финансиски советник

За работите да бидат подобри, тоа беше првпат таа да плати за лото, пишува BBC News.

– Секако дека плачев од среќа. Сè уште не ми се верува дека добив таква награда на мојот прв лоз – рекла пресреќна Жулиет, која живее во Онтарио со своите родители.

Целосно заборавила на тикетот додека не ја слушнала веста дека некој од нејзиниот роден град ја освоил оваа голема сума. Преку мобилната апликација проверувала дали навистина е таа, а кога екранот покажал дека таа е „големиот победник“, нејзиниот колега буквално во неверување паднал на колена.

– Почна да вика од возбуда. Всушност, сите викаа дека освоив 48 милиони долари – се присетува среќната добитничка. После тоа, шефот ѝ рекол дека може предвреме да ја напушти работата, но мајка ѝ сепак инсистирала да остане и да ја заврши смената.

Жулиет признава дека многу тинејџери на нејзината позиција брзо „ќе дивееле“, но таа планира да остане цврсто приземјена, да ги заврши студиите и да стане доктор. Парите само ќе ѝ помогнат да не се грижи за трошоците и заемите. Затоа првиот потег на оваа новопечена милионерка бил да ангажира финансиски советник.

Пред да започне со студиите по медицина, таа сепак планира малку да се забавува.

– Кога ќе заврши училиштето, јас и моето семејство ќе избереме континент и ќе почнеме да истражуваме. Сакам да искусам различни земји, да ја проучувам нивната историја и култура, да ја пробам нивната храна и да го слушам нивниот јазик – открива таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата