Алисон крена раце: Ќе треба да заборавиме на ТОП 4

5.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Алисон крена раце: Ќе треба да заборавиме на ТОП 4

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер, призна дека тимот може да заборави на нивните амбиции да игра во Лигата на шампионите следната сезона, додека не ја пронајде својата вистинска форма. Поразот од Вулверхемптон го остави тимот на 10-то место со 11 бода зад најдобрите во ТОП 4.

Менаџерот на тимот, Јирген Клоп, одби да ја брани својата екипа по третиот последователен пораз на гостински терен, што се случи за првпат по 2012 година.

„Мораме да размислуваме за следните натпревари, тоа е она што можеме да го направиме“, изјави Алисон.

„Не сме во позиција да размислуваме што можеме да направиме на крајот од сезоната, но добро е да видиме што можеме да подобриме и да почнеме да победуваме. Тоа е тоа“, смета Бразилецот.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата