Теа Таировиќ е приведена во Шведска: Не ми ставија лисици

5.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Теа Таировиќ е приведена во Шведска: Не ми ставија лисици

Имено, како што пишуваше, на фолкерката ѝ биле ставени лисици, а полицаец не се одвојувал од неа.

Како што тврди Теа за тамошните медиуми, таа не била уапсена во Шведска, а полицијата во ниту еден момент не ѝ ставила лисици, туку приведувањето се одвивало редовно и според сите протоколи.

– Не знам што да кажам за тие пишувања, освен што сум многу лута и не знам од каде е информацијата. Ниту бев уапсена, ниту приведена, ниту пак полицијата ми стави лисици. Сѐ е во најдобар ред, а шоуто во Шведска помина одлично, како и секогаш. Нема место за тие шпекулации – изјави Теа.

Иако пејачката вели дека ништо од горенаведеното не се случило, на фотографиите кои се појавија јасно се гледа дека контакт со властите навистина се случил, а детали дал и нејзиниот менаџер Неша Бриџис:

– Полицијата синоќа дојде на редовен увид. Бараа договори, не само од неа туку и од Стоја и Девит. Таа го покажала договорот и полицијата ѝ се заблагодарила, немале причина да ја приведат. Вечерва настапува на приватна прослава во Софија, Бугарија – изјави Бриџис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата