Тие УКРАЛЕ најмногу криптовалути во светот

4.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тие УКРАЛЕ најмногу криптовалути во светот

Северна Кореја, која важи за технолошки неразвиена земја, е лидер во кражбата на криптовалути на глобално ниво.

Имено, нејзините хакери минатата година украле дигитални пари во вредност од 1,7 милијарди долари, соопшти компанијата Chainalysis која го анализира пазарот на блокчејн. Ова е четири пати повеќе од сумата што успеале да ја земат во 2021 година.

Колку е сериозна оваа бројка покажува фактот дека на севернокорејските хакери им се припишува речиси половина од вредноста на украдените криптовалути на целата планета.

Минатата година беа украдени вкупно 3,8 милијарди долари дигитални пари, природно со нелегални методи. Ова е за половина милијарда долари повеќе отколку што беше украдено во 2021 година.

Добар дел од таа сума помина низ рацете, односно тастатурите на севернокорејските хакери.

Постојат сомневања дека тие се поддржани од државата и дека дел од овие пари ќе бидат наменети за продолжување на финансирањето на развојот на нуклеарно оружје.

Уште повеќе, американските безбедносни службеници веќе пресметале дека една третина од тие пари ќе завршат во програмата за развој на оружје.

Исто така, се додава во овој извештај, постојат сериозни индиции дека Северна Кореја е вмешана во „перење“ на дигитални пари и NFT украдени од други хакери, како и дека е вмешана во некои акции на групата „Лазар“, која украла големи скала криптовалути.

Фото: Шутер

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата