Потер: Толку беше од трансфери, на лето ќе биде многу поразлично

3.02.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потер: Толку беше од трансфери, на лето ќе биде многу поразлично

Менаџерот на Челзи, Греам Потер, ја коментираше масовната зимска трансфер селекција на лондонскиот клуб. Според стратегот, „сините“ мораше да го ревидираат составот, но не планираат да продолжат да трошат толку многу пари и следното лето.

„Не мислам дека клубот ќе продолжи да троши пари со вакво темпо. Го ажуриравме составот. Непотребно е да се каже дека следните два преодни рока за Челзи ќе бидат различни. Тоа е сигурно“, вели Потер.

Во зимскиот преоден рок, Челзи потпиша 8 фудбалери меѓу кои и рекордниот премиерлигашки трансфер на Енцо Фернандез (121 милиони евра) од Бенфика.

Челзи се наоѓа на 10. место на табелата во Премиер лигата, со мали шанси за битката за влез во ТОП 4.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата