Славна актерка тужи филмска компанија за неисплатен хонорар од милион долари и нарушен углед

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Славна актерка тужи филмска компанија за неисплатен хонорар од милион долари и нарушен углед

Таа вели дека компанијата ѝ должи хонорар од милион долари за филмот наречен „Патриот“.

Снимањето на филмот било откажано во 2019 година, откако не било можно да се соберат доволно финансиски средства за неговото производство. Оригиналниот буџет за филмот бил 10 милиони долари, но бил намален без знаење на актерката која тврди дека не би се согласила на соработка да знаела дека буџетот е намален.

Една од главните причини за незадоволството на актерката е тоа што снимањето на второкласен филм може да биде лошо за нејзината репутација. „Кога актер се појавува во филм од втор ред, те етикетираат како актер од втор ред и никогаш повеќе не добиваш квалитетна работа… Тоа би можело да ја убие мојата кариера“, рече Грин.

Ева секако сака да го задржи статусот на актерка која се појавува во сериозни филмови кои обработуваат сериозни теми. „Парите навистина не ми се важни. Живеам за да снимам добри филмови, тоа е мојата религија“, одговори Грин на прашањето дали парите биле пресудни за неа при прифаќањето на улогата.

Грин глумеше Бонд девојка во Казино Ројал и освои бројни признанија за улогата, освојувајќи ја наградата БАФТА за актерка во подем во 2007 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата