Во Брзата помош во Кратово агресивно се однесувал и се заканувал, се обидел да ја претепа медицинската сестра

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Брзата помош во Кратово агресивно се однесувал и се заканувал, се обидел да ја претепа медицинската сестра

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против И.С.(43) од с.Туралево, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 23.01.2023 во Итна медицинска помош во Кратово, пријавениот се однесувал агресивно и упатил закани кон дежурниот лекар и медицинска сестра, а се обидел и физички да ја нападне медицинската сестра.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата