Кулеба: Украина во првата фаза добива 120 до 140 тенкови

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кулеба: Украина во првата фаза добива 120 до 140 тенкови

Западните земји му ветија тенкови на Киев овој месец за да се одбранат од очекуваната руска офанзива во источна Украина.

„Тенковската коалиција сега брои дванаесет члена. Можам да кажам дека во првиот бран, украинската армија ќе прими меѓу 120 и 140 западни тенкови“, рече Кулеба на онлајн брифингот. Тој додаде дека се работи за германски тенкови Леопард 2, британски Челинџер 2 и американски М1 Абрамс и дека Украина смета на постигнување договор за француските тенкови Леклер.

Кулеба не ги наведе датумите на испорака. Обуката за возење тенк исто така бара одредено време. Министерот рече дека Киев дискретно работи на примање тенкови од повеќе земји. „Продолжуваме да работиме на проширување на тенковската коалиција и за оние земји кои веќе ветија дека ќе го зголемат својот придонес“, рече тој.

Киев планира огромна контраофанзива за враќање на територијата на југот и на истокот на земјата што беше освоена од Русија. САД ја советуваа Украина да не извршува напади додека западната воена помош не пристигне во земјата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата