Кралот Чарлс сака Хари и Меган да дојдат на крунисувањето, Вилијам се противи

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кралот Чарлс сака Хари и Меган да дојдат на крунисувањето, Вилијам се противи

Сепак, неговиот постар син, принцот Вилијам, наводно се спротивставува на идејата и верува дека двојката доаѓањето ќе го искористи за своја промоција и „нови пет минути слава“. Извори од британските таблоиди тврдат дека кралот е убеден дека отсуството на Меган и Хари ќе направи повеќе штета отколку нивното присуство.

Вилијам наводно не се согласува со својот татко и смета дека посетата на неговиот брат и Меган треба детално да се испланира бидејќи во спротивно ќе направат да бидат во центарот на вниманието. Извори блиски до кралското семејство велат дека на Хари може да му биде понудена функција од висок профил или неформална гаранција дека ќе може да ги задржи своите титули како поттик да присуствува.

„Семејството е поделено, и сите индикации покажуваат дека на Хари му се советува да не се согласува на ништо во оваа фаза, до последен момент, што го отежнува преговарањето со него. Со сопствена слободна волја, тој се спротивставува на идејата да му ги одземат насилно“, изјавил извор за Дејли Мејл.

Инаку, кралот Чарлс најпрво побара од надбискупот да посредува меѓу Хари и Вилијам по смртта на кралицата Елизабета. Велби се најде во непријатна ситуација кога Меган во интервју со Опра Винфри тврдеше дека тајно ја оженил за Хари пред нивната официјална венчавка. Велби јавно ги демантираше нејзините зборови и рече дека кралската венчавка е единствената легална.

За потсетување, настап на балконот на Бакингемската палата, концерт на светски ѕвезди и ден посветен на волонтерството ќе бидат дел од прославата на крунисувањето на кралот Чарлс III. За прв пат по 70 години Велика Британија ќе добие нов монарх, а тридневната церемонија ќе започне на 6 мај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата