Скијачки изданија на принцезата Дијана и понатаму се модна инспирација за трендсетерките

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скијачки изданија на принцезата Дијана и понатаму се модна инспирација за трендсетерките

Скафандери и јакни, ленти и очила за сонце – принцезата Дијана знаеше како да изгледа стилски на снегот.

За многумина зимскиот период значи и зимски радости, без разлика дали се работи за скијање, санкање или само патување во природа покриена со снег, а за тоа е потребна соодветна облека. Ски одела, јакни, дебели ракавици, капи или ленти за глава се „задолжителни“, а не смееме да заборавиме на очилата за сонце кога престојуваме на снег.

Како да се изгледа стилски – добро знаеше принцезата Дијана, која се истакнуваше на белината на снегот во црвено-црни скијачки одела. Своите аутфити ги комплетираше со накит, очила за сонце од класични модели, а од студот и ветерот се штитеше со ленти и капи.

И сето тоа, секако, во друштво на нејзините најблиски.

Инспирирани од нејзиниот кралски стил, побарајте шик скијачки одела за да уживате во овогодинешните зимски радости!

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата