(Видео) Амстердам ја доби првата подводна гаража – за велосипеди

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Амстердам ја доби првата подводна гаража – за велосипеди

Во Амстердам е отворен преубав подводен паркинг. Отворен е исклучиво за велосипеди, а со 7.000 места новата гаража е најголема во градот.

Пријавата во гаражата е бесконтактна, а првите 24 часа се бесплатни. Работата на проектот траела четири години, а трошоците за изградба изнесувале 60 милиони евра.

Гаражата е последен дел од опширното редизајнирање на големиот плоштад пред Централната железничка станица во Амстердам, започнато во 2017 година.

Плоштадот е „исчистен“ од автомобили, а под земјата има сообраќајна инфраструктура проширена со нова метростаница.

Инаку, во непосредно окружување на централната станица има канали и други водени површини, а со новата гаража сите станици за велосипеди во зоната наскоро ќе исчезнат за улиците да бидат побезбедни и почисти.

Гаражата се наоѓа под водената површина на еден од амстердамските канали.


© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата