Гледав како горат живи луѓе – МОРБИДНИ СВЕДОШТВА за пожарот во модуларната болница во Тетово

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Гледав како горат живи луѓе – МОРБИДНИ СВЕДОШТВА за пожарот во модуларната болница во Тетово

Доктори и медицински сестри, роднини на пациенти, сведочеа на денешната главна расправа во судскиот процес за изгорената модуларна болница во Тетово.

Роднините на пациентите кои лежеа во модуларната болница вечерта кога избувна пожарот, велат дека морале да да им пружаат нега на болните, оти имало многу заразени, а мал број медицински персонал.

Некои успеале да ги спасат пациентите, но некои од роднините и самите едвај спасиле жива глава.

Мумин Исмаили вели дека 24 часа заедно со неговиот брат биле со нивната мајка.

Морале да се грижат постојано за неа.

Вечерта на 8 септември 2021 година кога и се случи трагедијата кога дошол во модуларната, на пациентка која била во собата заедно со неговата мајка и се влошило здравјете. Дошол доктор да и изврши раенимација. За време на лекарската интервенција тој излегол надвор. Слушал викотици, помислил дека пацинетката починала па решил да влезе во собата и на роднините да им изрази соочуство. Но кога влегов внатре, сватил дека извиците биле поради избувнувањето на пожарот.

„Кога влегов внатре во собата каде избувна пожарот, веднаш медицинскиот персонал ми рече да се префрлам во друга соба. Но пожарот толку брзо се ширеше и за кратко ја зафати цела болница. Излегов во ходникот да видам што се случува гледав како гореа луѓе, се вратив и се обидов да ја спасам мојата мајка, но некоја од надвор од прозорецот почна мене да ме влече за да излезам ,јас се обидував да ја спасам мајката, но дел од медицинскиот персонал ми рече дека мајката веќе ја извекле надвор. Тие не ми ја кажаа вистината, со цел да излезам јас надвор и барем јас да се спасам. Беше голема трагедија. Едвај спасивме жива глава, вели роднина на една од загинатите пациенти“, Мумин Исмаили.

Лекарот кој дежурал вечерта кога изгоре модуларната болница, во својот исказ кажа дека пожарот избувнал неколку секунди, откако тој со апарат вршел реанимација на пациентка на која и се влошила состојбата. Пламените јазици вели ја проголтаа собата за десетина секунди, истите се проширија кон останатиот дел од болницата. ПП апаратите не би го спречиле пожарот, дополни лекарот.

„Имаше над 20 пациенти во модуларната, не видов придружба со пациентите. На врата пишуваше забранет влез за пациентите. Видов еден човек кој беше придружба само за еден пациент кој беше со посебни потреби, тоа е дозволено. Во другите соби не видов придружба. Не се сеќавам колку и каде имаше ПП апарати, но и да имаше такви апарати во голем број и да имаше надвор пожарникари пожарот не можеше да се спречи“, рече еден од дежурните лекари.

„Слушнав врескање, носеа кофи со води за да го изгаснат пожарот ги видов сестрите. Во модуларната болница немаше ПП апарати, да имаше ќе гаснев со тие апарати. Медицинскиот персонал не пушташе внатре да се влегува, јас ги молев оти имав лице со посебни потреби“, беше дел од исказот на еден од денешите сведоци, роднина на пациент.

„Јас го чував сопругот, но не седев во собата постојано, влегував по потреба за да го пресоблечам, со него повеќе време се гледав преку прозорецот, ни беше забрането да влегуваме.Се снаоѓав некако да влезам внатре оти мораше ќе повторам уште еднаш некој да го пресоблече, докторите строго ни забрануваа да влегуваме во модуларната“, даде исказ друг сведок, роднина на еден од пациентите од модуларната болница.

Главната расправа ќе продолжи со сослушување на останатите сведоци на 16 февруари

Тетовското Обвинителсво ги обвини двајцата директори Фљорин Бесими и Артан Етеми за кривично дело тешки дела против општата сигурност и докторот Бобан Вучевски за кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија додека правното лице Клиничка Болница Тетово за кривични дела предизвикување на општа опасност и непостапување според здравствени прописи за време на епидемија.

Во октомври 2021 по вештачењето на МВР, Обвинителството информираше дека пожарот во модуларната настанал како последица на запален продолжен кабел, на кој бил апарат за реанимација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата