Против Алек Болдвин покренато обвинение за убиство од небрежност

31.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Против Алек Болдвин покренато обвинение за убиство од небрежност

Обвинителството на американската Сојузна држава Ново Мексико денеска официјално ќе поднесе кривична пријава за убиство од небрежност против холивудскиот актер Алек Болдвин, за пукањето на снимањето на филмот „’Рѓа“, во кое беше убиена снимателката Халина Хачинс.

И лицето Хана Гутјерез – задолжена за оружјето на снимањето, официјално ќе биде обвинета за убиство од небрежност. Гутјерез во истрагата изјави дека го проверила пиштолот и дека смета оти бил празен пред фаталниот инцидент.

За време на снимањето, Хачинс беше убиена, а режисерот Џоел Соуза беше ранет, кога пиштол користен од Болдвин при филмска проба во октомври 2021 година испука вистински куршум. Истрагата за убиството траеше повеќе од една година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата