Аке му донесе победа на Сити над Арсенал и пласман во 1/8 финалето на ФА Купот (видео)

27.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аке му донесе победа на Сити над Арсенал и пласман во 1/8 финалето на ФА Купот (видео)

Дефанзивецот Натан Аке е стрелец на единствениот гол во победата на Манчестер Сити над Арсенал со 1:0 и пласман во oсминафиналето на ФА Купот.

Холанѓанецот стрелаше прецизно во 64 минута на асистенција на Грилиш.

За „топчиите“ играше новото засилување Леандро Тросар до 66. минута кога беше заменет со Мартинели. Сити играше со најсилниот состав со Халанд во нападот и Марез, Де Брујн и Грилиш како полушпицови.

Работите на теренот се сменија по влегувањето на Хулијан Алварез. Само што влезе тој шутираше од далечина и ја погоди стативата, топката се одби до Грилиш кој се обидуваше да се ослободи од својот чувар, па ја додаде топката до Аке кој без размислуваше шутираше по земја и ја смести топката во мрежата.

 


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата