56 годишната Селма Хаек се појави на премиерата на филмот „Последниот танц на Magic Mike“ во провокативен мрежест фустан под кој има само долна облека.
Во новиот филм „Последниот танц на волшебниот Мајк“ Селма глуми со колегата Ченинг Тејтум, а јасно е дека сите погледи беа вперени во неа, бидејќи актерката привлече големо внимание, пренесува Дејли Меил.
Селма Хаек носеше храбар, црн фустан кој ја истакна нејзината фигура. Фустанот беше покриен со цветни детали што го направија екстра впечатлив.
Со оглед на тоа што фустанот е црн, Селма под него носеше црна долна облека, која одлично одговараше на нејзиниот стајлинг.