Русија симулираше НАПАД СО ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ во Атлантикот

25.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија симулираше НАПАД СО ХИПЕРСОНИЧНИ РАКЕТИ во Атлантикот

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека фрегатата „Адмирал Горшков“ ги тестирала своите ударни способности во западниот дел на Атлантскиот Океан. Министерството објави дека фрегатата извршила компјутерска симулација на хиперсонични ракети Циркон.

Тие имаат домет од 900 километри и можат да патуваат со неколку пати поголема брзина од звукот, што значително ја отежнува одбраната од нив. Во соопштението не се наведува дека фрегата го лансирала проектилот.

Тензиите меѓу Западот и Русија достигнаа највисока точка во последните години поради конфликтот во Украина. Руските власти во неколку наврати сугерираа дека Русија би можела да го искористи својот нуклеарен арсенал, најголемиот во светот, доколку се чувствува загрозена од поддршката на Западот за Украина.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата