Чистачка си даде отказ со картичка: „Серковци си најдов нова работа“

20.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чистачка си даде отказ со картичка: „Серковци си најдов нова работа“

Жената која тврди дека била злоупотребувана на работа даде отказ така што на шефовите им остави честитка со порака: „Жал ми е за вашата загуба”, и наброи сè што ѝ пречeлo.

Лиза Бел од Блекпул, Англија, работела како чистачка во хотелот „Линден“ само четири месеци пред несекојдневниот отказ. За време на тој краток период, таа тврди дека морала да работи под тешки услови, како што е забраната за седење за време на паузите за чај.

Таа, наводно, била ограничена на еден пијалак во текот на три 10-минутни паузи во шестчасовната смена, а таа, исто така, рече дека шефовите ја шпионирале.

So my status about my old bosses at the Lyndene hotel and St Chads hotel Blackpool has disappeared ? I’ve not deleted…

Posted by Lisa Bell on Среда, 12 јуни 2019

Кога 40-годишната жена одлучила да даде отказ минатата недела, ја купила најевтината картичка што можела да ја најде и  ги напишала сите нејзини жалби. Исто така, открила дека и нејзината колешка Каран Баул дала отказ од работа.

Posted by Lisa Bell on Вторник, 04 јуни 2019

„Како што можеби забележавте, денес не сум на работа”, ја почнува таа својата исповед. „Тоа е затоа што сте серковци, па си најдов нова работа”, продолжува таа, откривајќи дека планирала да им јави една недела однапред се додека на неплатениот одмор не ѝ рекле дека не треба да седи.

Лиза ја сподели фотографијата на честитката на Фејсбук, каде што ги опиша шефовите како насилници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата