Ана Кокиќ објави низа провокативни фотографии

23.01.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ана Кокиќ објави низа провокативни фотографии

Џебната Венера, како што многумина ја нарекуваат, особено се истакна во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, каде докажа дека е одличен вокал, но и дека поседува голем талент за глума, трансформација и танц. Ана за време на натпреварот го доведе до совршенство својот изглед, а денес важи за една од најатрактивните пејачки на српската музичка сцена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ana Kokic (@anakokicmusic)

Откако се разведе од својот сопруг, поранешниот ватерполист Никола Раѓен, таа често ги радува своите обожаватели со провокативни фотографии во кои подеднакво уживаат и мажите и жените. Неколку дена откако нејзиниот бивш сопруг повторно „рипна в тавче“ со пејачката Милица Ристиќ, со која чека син, таа објави низа провокативни фотографии. На нив Ана Кокиќ позира во долна облека во која до израз доаѓаат нејзините занесни облини.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Ana Kokic (@anakokicmusic)

– Една од најважните работи во животот е да имате сестра која можете да ја малтретирате да ве фотографира! Ти благодарам Маја Кокиќ и извини што те мачам! – напиша пејачката откривајќи кој е одговорен за новите фотографии кои израдуваа голем број обожаватели.

Се чини дека одлуката на нејзиниот поранешен сопруг повторно да се ожени, не влијаела врз пејачката.  

Според објавите, Ана Кокиќ новата 2023-та година ја започнала радосно и успешно. Додека многумина шпекулираа дека за нејзиниот заводлив и младешки изглед е заслужен нов маж во нејзиниот живот, таа и понатаму останува мистериозна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата