(ФОТО) СТРАШНО: Автомобил експлодира во тунел во Хрватска

20.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ФОТО) СТРАШНО: Автомобил експлодира во тунел во Хрватска

Околу еден час биле затворени тунелите во двата правци на хрватскиот автопат од Загреб до Сплит, откако се запалило и експлодирало возило, прнесе Индекс.хр.

Во тунелот „Свети Рок“, од правец на Загреб кон Сплит, се запалил и експлодирал автомобил, при што интервенирале пожарникари, кои брзо го изгаснале пожарот. Но поради чадот во тунелот не се гледало, па двата правци на автопатот биле затворени околу еден час.

Во инцидентот нема повредени, потврдува полицијата, а сообраќајот нормално се одвива од 14.10 часот, јавија хрватските медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата