Според „Ле соир“, Колинда Грабар-Китаровиќ е сериозен кандидат за водечка функција во ЕУ

20.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Според  „Ле соир“, Колинда Грабар-Китаровиќ  е сериозен кандидат за водечка функција во ЕУ

Белгискиот весник „Ле соир” во голем текст за можните решенија за водечки функции во европските институции, покрај хрватскиот премиер Андреја Пленковиќ ја спомнува и актуелната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ.

Белгискиот весник вели дека Колинда Грабар-Китаровиќ има солидно министерско искуство. Таа беше помошник генерален секретар на НАТО и е претседател на Хрватска од 2015 година.

„Ле соир“ пишува дека за Грабар-Китаровиќ би можело да има повеќе консензус отколку за Пленковиќ, кој „Ле соир“ исто така го спомнува како можна опција.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата