Samsung Galaxy Fold подготвен за почеток на продажбата

20.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung Galaxy Fold подготвен за почеток на продажбата

Флексибилниот смартфон на Samsung, Galaxy Fold беше претставен во февруари, а сега конечно ќе се појави на пазарот.

Продажбата на Galaxy Fold првобитно требаше да почне во април, но беше одложена поради различните проблеми со уредот, кои го предизвикаа одложувањето. Но, претседателот на Samsung, Kim Seong-cheol изјави дека на чекањето ќе му дојде крај и дека поголем дел од проблемите со екранот се решени и дека Galaxy Fold е подготвен за продажба.

Оваа изјава е спротивна на официјалната информација, која ја добивме пред неколку дена, а во која се наведува дека е направен „мал напредок” и дека продажбата нема да почне до јуни или до јули. Тоа значи дека Galaxy Fold би требало да го видиме по претстојниот Galaxy Note 10, кој најверојатно ќе биде претставен на 7. август во Њујорк.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата