(Видео) Членовите на босанската влада со воз заминаа на седница во Мостар

20.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Членовите на босанската влада со воз заминаа на седница во Мостар

Членовите на Владата на Федерацијата на БиХ денеска сиболично на седницата во Мостар допатуваат со воз, што е симболична поддршка на Железницата, која постојано добива и финансиска поддршка од државата.

Членовите на федералната влада од Сараево со воз патуваа до Мостар, каде што денес се одржува 183-та седница. Како што е истакнато, станува збор за безбеден, удобен, брз и економичен начин на патување.

Благодарение на железничката пруга Сараево-Мостар, истакнатиот британски Гардијан минатата година ја рангираше Босна и Херцеговина меѓу 18-те земји во светот, каде најдобро може да се доживее патувањето со воз.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата