Итно пренесена во ургентен центар: Кија Коцкар доживеала сообраќајна несреќа

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Итно пренесена во ургентен центар: Кија Коцкар доживеала сообраќајна несреќа

Која Коцкар имала удес после кавга со Слободан Радановиќ.

Бившите сопружници минатата вечер дошле на доделување награда на Ѕвездичките на Пинк “Премиера“, каде што се однесувале како куче и маче. Ржеле еден на друг, поради што таа веднаш после доделувањето повикала такси, но на пат дома имала сообраќајка.

Сакал да ја пониже

- На такси возилото во кое била Кија удрила друга кола. Таа веднаш била пренесена во Ургентен центар, каде што лекарите и констатирале полесни повреди. Кија се жалела на болка во глава, но набрзо после тоа е пуштена дома - вели добро известен извор, кој открива што предходело на удесот.

- Кија се возбудила бидејќи Слобо ја понижил јавно. Кога рекле дека тие двајца добиле награда во категорија најголема минутажа во “Премиера“, Слоба се качил на бина и ја собрал стутуата. Штом му се доближила Кија, тој демонстративно ја напуштил бината, не дозволувајќи и на бившата жена ни да позира со заедничката награда, кој си ја однел дома. – завршува изворот.

Ги налути фановите

Тоа многу ги налутило фановите на Кија, кои удриле по Радановиќ...

- Ја зема наградата за себе, правеше коњски гримаси и се симна од бина. Вистински дебил, Класичнен сељак беше и остана таков. Драго ми е што Киоја уште долго ќе трае, повторно ти излезе балван... Мајмуне, те боли ли нејзиниот успех? го прашал еден обожувач на Кија, Слободан, а овој бесно му одговорил; “К*р ме боли“!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата