Бучковски: Би биле пресреќни ако ВО ОКТОМВРИ ГО ДОБИЕМЕ ДЕКЕМВРИ како датум за почеток на преговорите, НО ЈАС БИ БИЛ ПОРЕЗЕРВИРАН (ВИДЕО)

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бучковски: Би биле пресреќни ако ВО ОКТОМВРИ ГО ДОБИЕМЕ ДЕКЕМВРИ како датум за почеток на преговорите, НО ЈАС БИ БИЛ ПОРЕЗЕРВИРАН (ВИДЕО)

- За жал, ќе беше полесно ако министрите во авионот, како што вели Милошоски ширеа лажни вести, а вистината да е поинаква. Заклучоците од јуни 2018 се заклучоци на ЕК, која тогаш ни испрати охрабрување, како што ние овде протолкувавме, дека ќе имаме датум за датум. Дека во јуни 2019 ќе го добиеме датумот за почеток на преговорите. 

Колку и да била провокативна изјавата или твитот на Милошоски, тоа мислам дека не ја менува реалноста и не треба да биде преокупација на нашето МНР. Работата е таква каква што е.

Мислам дека овде нема тронка вина нити нашата влада, нити опозицијата, тие не можеа да ги променат работите. Можеше власта, според мене, поинаку да ги менаџира очекувањата на јавноста.

Стана јасно дека кога наместо во април, се пролонгираше европскиот извештај да биде по европските избори во јуни, стана јасно дека ќе влеземе во цајтнот и просто е невозможно во јуни да го добиеме датум.

Обидувајќи се позади кулусите (Милошоски посочи повеќе извори јавно и може да ги провеарт оние кои се обидуваат да извлечат некаков заклучок што би можело да се случи во октомври) јас, користејќи ги моите директни извори, не сметајќи секогаш на информациите на власта и опозицијата, мислам дека во октовмри имаме реално сериозно добра шанса конечно да го добиеме она што го заслужувавме и минатата година.

Уште минатата година имав горчина, со сето она што го направивме, со чудото на постигнувањето на Преспанскиот договор, мислев дека заслуживме датум за преговори, кој не значи членство. Тоа сите го знаеме. Дури и да влеземе во онаа оптимистична варијанта дека ќе ги стигнеме Црна Гора и Србија (што може да се случи), ни треба време. Дали ќе биде минимум 5, максимум 10 години, во моментот кога ќе почнеме со преговорите, мислам дека ќе има доволно време и Европската комисија и ЕУ да се занимава со нивните внатрешни проблеми. Очигледно е дека Македонија е колатерална штета на состојбите во унијата. 

До октомври, ние не треба да направиме сериозна грешка. Мислам дека и опозицијата е свесна, дека повеќе од било кога, на Македонија и треба датум за почеток на преговори. Заради Икс причини. Ќе набројам само две: Тоа е наградата за она што го направи владата на Заев во тој кус период а тоа е Преспанскиот договор и договорот со Бугарија, што според мене требаше да биде клучно прашање од кое ќе зависи и натамошното проширување на ЕУ со државите од Западен Балкан, тоа е решавањето на финалниот статус на Косово. 

Мислам дека зад кулисите, до октомври ќе има уште многу работа за нашата дипломатија. 

Очигледно е дека она одлагање, а кое се должи на техничката процедура во Бундестагот, можеби е и еден маневар што ни го дава пријателска Германија, до октомври, пред се да се разубеди Франција дека проширувањето во овој момент и давањето датум за преговори за Македонија ќе биде клучно за стабилноста на регионот и кредибилитетот на ЕУ. 

Очигледно е дека ако сега СДСМ тера една кампања: зборот е збор, зборот важи, научивме од оваа лекција дека зборот на европјаните не важи. Почуствувавме горчина, бидејќи бевме убедени дека оние 4 задачи што ни ги дадоа...изјава на Хан и Могерини, потоа ги потврдија со доаѓањето овде, фингираа дека започнува скрининг, се личеше дека се подготвуваме за почеток на преговори оваа година.

Но, очигледно би биле пресреќни ако во октовмри го добиеме декември како датум за почеток на преговорите, но јас, имајќи го ова горко искуство, би бил порезервиран.

Да, премиерот вели октомври, октомври, но денес како што е ЕУ, не можеме да бидеме сигурни дека дотогаш ќе се испеглаат сериозните разлики. 

Видов една изјава пред десетина дена на Натали Лазо, министер за европски прашања на Франција, која беше овде на крајот на февруари или почеток на март. Дури мислам дека беше во посета и на Парламентот на комисијата за европски прашања. Таа беше во кампањата на европските избори носител на листата на партијата на Макрон за европските избори. И на еден од предизборните митинзи се фалеше дека таа ја спречила Македонија, но и Албанија да ги полнат сега преговорите за членство. 

Кога се ова ќе се земе во предвид, би преферирал претпазлив пристап до октомври: да не се направи овде грешка, да просолжи коректниот однос и покрај дневните препукувања на власта и опозицијата, бидејќи за воља на вистината, денес во Македонија имаме функционална демократија, каде што опозицијата дава максимален напор да се исполни реформската агенда.

Исто така, форсирањето на темата да се донесе закон за СЈО- се покажа дека не е на приоритетната листа за ЕУ. Да, ќе биде добро да се донесе и верувам дека власта и опозицијата ќе успеат да најдат решение.

Но, од друга страна потешко беше да се направи реформата во безбедносните структури, треба да се фалиме со реформи во праводуството со донесувањето на два реформски закони: законот за судови и судски совет. Законот за јавно обвинителство ќе биде донесен според мене ако се најде решение за кое претходно требаше да бидат менаџирани очекувањата. 

СЈО беше ад-хок тело кое требаше да биде свесно дека во еден момент ќе треба да се трансформира во нешто друго а не постојан орган кој ќе се бори за своите позиции и повеќе од колку што треба, изјави во Анализа24 Владо Бучковски, екс премиер на Македонија.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата