„Фејсбук“ ќе мора да го паузира проектот со крипто-валутата „Либра“

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Фејсбук“ ќе мора да го паузира проектот со крипто-валутата „Либра“

Само неколку часа по објавата на „Фејсбук“ за новиот проект, пратеничка од САД изјави дека социјалната мрежа ќе мора да го одложи почетокот на својата криптовалута либра.

Криптовалутата, која беше најавена да излезе во употреба в година, ќе може да се користи за плаќање на „Фејсбук“ и „Вацап“.

Сепак, компанијата ќе мора да чека на Конгресот, кој сака да го разгледа овој проект пред да го одобри.

Од „Фејсбук“ велат дека тие се возбудени да соработуваат со Конгресот и дека ќе одговорат на сите нивни прашања.

„Поради проблематичното минато на компанијата, предлагам „Фејсбук“ да се сложи на мораториум пред да продолжи со развојот на криптовалутата додека Конгресот не го испита проектот“, изјави Максин Вотерс.

Вотерс ги спомена претходните контроверзии во врска со корисничките податоци и ги повика извршните директори на „Фејсбук“ да сведочат пред нејзиниот комитет.

„Отворени сме за соработка со пратениците и ќе одговориме на сите нивни прашања во врска со овој процес“, изјави еден портпарол на социјалната мрежа.

Планот на „Фејсбук“ е да им овозможи на своите корисници да купуваат либра и да ги складираат во своите дигитални паричници „калибра“. Корисниците ќе може меѓусебно да си префрлаат пари, а крајната цел е оваа валута да се користи и за плаќање секојдневни работи, како сметки или за купување производи.

Според сенаторот Шерод Браун, кој е на чело на Банкарската комисија на Сенатот, вели дека „Фејсбук“ станува преголема и премоќна компанија.

„Не смееме да дозволиме „Фејсбук“ да пушти во оптек нова криптовалута преку швајцарска банкарска сметка, без претходно да го разгледаме процесот“, изјави Браун.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата