(Видео) Масовна тепачка меѓу Руси и Роми, едно лице загина

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Масовна тепачка меѓу Руси и Роми, едно лице загина

Минатата недела во Русија избувна масовна тепачка меѓу Роми и Руси. Притоа, едно лице почина од повреди на главата, додека најмалку петмина други се сериозно повредени. Очевидци на инцидентот тврдат дека околу 150 луѓе биле вклучени во пресметката, во која се тепале со тупаници, летви и шипки.

Како што пренесе Би-би-си, по тепачката десетици Роми побегнале од селото Чемодановка на југот од земјата. Високиот државен претставник, Николај Москаленко, соопшти дека 43 Роми го напуштиле селото. Руската агенција РИА Новости објави дека досега се уапсени 28 лица, од кои сите се Роми.

Москаленко кажа дека повеќето евакуирани се жени и деца и дека околу 900 луѓе биле однесени во регионот Астрахан долж Каспиското море.

Портпаролката на регионот Пенза, Дина Черемушкина, рече дека околу 130 ромски куќи биле испразнети. Во меѓувреме на Јутјуб се појавија снимки што покажуваат дека некои куќи биле запалени.

Сè уште не е јасна причината која ја предизвикала тепачката.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата