Дилери има на секое ќоше - ДРОГА НА ИЗВОЛТЕ

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дилери има на секое ќоше - ДРОГА НА ИЗВОЛТЕ

На 18.6.2019 година во 23:15 часот полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во село Горно Палчиште ги лишиле од слобода Љ.М.(29) и Х.В.(24), двајцата од  Тетово. При преглед на патничко возило „Рено меган“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.М., а во кое како сопатник бил Х.В., била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Истиот ден, само 15 минути порано, односно во 23:00 часот во СВР Тетово биле приведени Ф.Љ.(28) и С.А.(39), двајцата од Тетово поради тоа што биле затекнати како вршат продажба на марихуана. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

Претходно во текот на денот, околу 11:00 часот на ул.„Методија Андонов Ченто“ во Скопје полициски службеници го привеле Н.А.(52) од Скопје, кој се барал по распишани потерници за сторени кривични дела „тешка телесна повреда“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супастанци и прекурсори“ и „предизвикување општа опасност“ од Кривичниот законик, како и по член 33 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. При приведувањето тој давал отпор и физички ги нападнал полициските службеници. Кај него бил пронајден и пиштол.

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.Б.(31) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 7.9.2018 година во Гостивар полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата