ВЛАДАТА ГО ПОЗЛАТИ ПУЦКО ПЕТРОЛ

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВЛАДАТА ГО ПОЗЛАТИ ПУЦКО ПЕТРОЛ

Пуцко Петрол, Макпетрол и Супертрејд се трите фирми кои ги имаат добиено сите тендери за нафта и нафтени деривати за сите државни институции во првиот квартал од 2019 година, покажуваат податоците за јавни набавки.

Анализирано по бројки, шампион во склучени договори со државни институции е Пуцко Петрол со над 6 милиони евра.   Компанијата за само 4 месеци од 2019 година добила 100% повеќе од Макпетрол и 300% повеќе од Супертрејд..

Втор е Макпетрол со околу 3 милиони евра склучени договори со државата за нафта и нафтени деривати (без компјутерска опрема), а трет е Супертрејд со околу милион и седумстотини илјади евра.

Другите компании кои имаат лиценци за трговија со нафта - по проверка на јавните набавки, немаат добиено ниту еден тендер од државата.

Во сумите на Пуцко Петрол, Макптерол и Супертрејд влегуваат нафта и сите нафтени деривати, како и горива, за објекти и за превозни средства. Од системот за јавни набавки извадени се само датумите на склучени договори со сумите од истите, осносно направен е табеларен приказ на јавните набавки на државата. 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата