КАКВО ОТКРИТИЕ: Луѓето се најздрави на 30, најбогати на 47, а сексот им е најдобар на 32 години!

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КАКВО ОТКРИТИЕ: Луѓето се најздрави на 30, најбогати на 47, а сексот им е најдобар на 32 години!

Резултатите од едно британско истражување тврдат дека луѓето се најздрави на 30, најбогати на 47, а сексот им е најдобар на 32 години. Во истражувањето учествувале 2000 мажи и жени, а резултатите од него покажуваат дека луѓето се чувствуваат најсреќни на 39 години, а здравјето им е најдобро на 31 година.

Врв во кариерата просечниот Британец достигнува на 38-та година од животот. Други важни години од животот се 40-те. Тогаш се чувствува најсилно задоволство во љубовта, додека финансиската состојба е најповолна на 42 години. Само 3% од испитаниците признаваат дека сакаат науката да напредува така што да можат да си обезбедат вечен живот.

Во љубовта податоците покажуваат дека на 24 години паровите изневеруваат најмногу, а на 32 имаат најубав секс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата