Кина наскоро нема да биде најнаселената земја во светот

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина наскоро нема да биде најнаселената земја во светот

Според најновиот извештај на Обединетите нации, во следните десет години Индија ќе ја надмине Кина и ќе стане најнаселена земја во светот, објави Си-ен-ен.

Населението во Кина и Индија во моментов чини околу 37% од светската популација. Кина има околу 1,4 милијарди луѓе, а Индија околу 1,3 милијарди.

Сепак, според извештајот на ОН, до 2027 година во Индија ќе има повеќе луѓе отколку во Кина.

„Во периодот од 2019 до 2050 година, се предвидува дека населението во Кина ќе се намали за 31,4 милиони или 2,2 отсто“, се вели во извештајот.

Освен што Индија ќе ја надмине Кина, ОН вели дека до 2050 година Нигерија ќе стане трета земја во светот според бројот на жители и ќе ги надмине САД.

Извештајот наведува и дека повеќе од половина од светското население до 2050 година ќе биде респределено во само девет земји: Индија, Нигерија, Пакистан, Демократска Република Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и САД.

Во извештајот, исто така, се предвидува дека до 2050 година на планетата ќе има 9,7 милијарди луѓе, што претставува неверојатен пораст на населението во рок од само еден век.

Во моментов на Земјата живеат околу 7,7 милијарди луѓе.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата