Викторија ја легализира евтаназијата

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Викторија ја легализира евтаназијата

Во австралиската држава Викторија стапи на сила законот кој им дозволува на пациентите кои се тешко болни да побараат евтаназија. Асистираното самоубиство е нелегално во повеќето земји во светот.

Викторија, која е втора држава по бројност на население, во 2017 го усвои законот кој им дозволува на пациентите да го прекинат својот живот.

Премиерот Даниел Ендрус, кој се залага за ваков закон од срмтта на неговиот татко во 2016 година, рекол дека со ова тешко болните луѓе ќе добијат достоен избор на крајот на нивниот живот.

Евтаназијата ќе им биде дозволена на пациенти постари од 18 години, кои живеат во Викторија и кои имаат помалку од шест месеци живот или помалку од една година за пациенти кои страдаат од мултиплекс склероза или болести на невролошкиот систем.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата