Почна реконструкцијата на стационарот „Вардариште“

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Почна реконструкцијата на стационарот „Вардариште“

Во стационарот „Вардариште“ започнаа градежните активности на двата објекти, со демонтажа на веќе постојните метални боксови и елементи. Од Град Скопје соопштија дека тие ќе бидат комплетно заменети со нови по современи стандарди во служба на основните потреби и благосостојба на бездомните животни кои ќе бидат дел од новата програма.

„Со денешните активности ќе се ослободи простор за слободен, непречен влез и функционирање на градежната механизација согласно со проектната документација за реконструкција, санација и адаптација“, велат од Град Скопје.

Досега со стационарот „Вардариште“ стопанисуваше ЈП „Комунална хигиена“, а сега за заловените уличните животни ќе се грижи новоформираното претпријатије „Лајка“ кое, според најавите од Град Скопје, ќе има целосно нов концепт и пристап кон решавањето на проблемот со уличните животни и нивниот третман и благосостојба.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата