Pixel 4 ќе има подолг екран, Pixel 4 XL сличен на сегашната серија

19.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Pixel 4 ќе има подолг екран, Pixel 4 XL сличен на сегашната серија

Google неодамна одговори на бројните гласини кои почнаа да се појавуваат, со објавата на дизајнот на Pixel 4 телефонот. Меѓутиа, ова не значеше крај на гласините, бидејќи сега @OnLeaks ни пружа информации за можните димензии на претстојните смартфони на Google.

Според наводите, помалиот Pixel 4 ќе има екран со големина од 5,6 до 5,8 инчи, што е зголемување во однос на 5,5 инчниот екран кај Pixel 3 моделот. Телефонот би требало да има и подолг однос на страници, но нема да биде поширок. Очекуваните димензии се 147,0 x 68,9 x 8,2 милиметри,

Поголемиот Pixel 4 XL ќе има екран со големина помеѓу 6,2 и 6,4 инчи, што е речиси идентично на 6,3 инчниот 18.5:9 екран на актуелниот модел. Димензиите на Pixel 4 XL би требало да изнесуваат 160,4 x 75,2 x 8,2 милиметри.

Четвртата генерација на Pixel телефони ќе биде нешто подебела: 8,2 милиметри наспроти 7,9 мм. Ова би можело да доведе до зголемување на капацитетот на батеријата.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата