Душан Илиевски јавно го повика Александар Кирацовски да го тужи него за снимки кои Илиевски има намера да ги пушти во јавност. Снимките откриваат на кој начин Кирацовски си ја изградил Хациендата во Битола. Илиевски на Фејсбук пишува дека Кирацовски рекетирал бизнисмени за да му изградат куќа во центарот на градот. Поради што Илиевски му порачува на Кирацовски дека подобро е да го тужи него отколку да ги тужи медиумите кои му го откриле криминалот.