КИРАЦОВСКИ ПОТВРДИ ЗОШТО НЕМА ДАТУМ ЗА ЕУ: Притисокот врз медиумите на најјако

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КИРАЦОВСКИ ПОТВРДИ ЗОШТО НЕМА ДАТУМ ЗА ЕУ: Притисокот врз медиумите на најјако

Пратеникот од СДСМ Александар Кирацовски на својот фејсбук профил најави тужба против неколку медиуми за ширење клевети против него. Тврди дека е цел на хајка на неколку медиуми кои го обвинуваат дека за две години на функцијата се збогатил со хациенда во Центар и луксузно возило.

Како што пишува Кирацовски на Фејсбук, тужба ќе биде покрената против vecer.mk; netpress.com.mk; kurir.mk; republika.mk; denesen.mk, за кои вели дека се еклатантен пример за ширење лажни информации, груби измислици и инсинуации – тренд кој како канцер во демократскиот свет нагло се шири.

Сериозни медиуми ова не би си го дозволиле, а несериозните, како гореспоменатите, мора да сносат одговорност, пишува Кирацовски и додава дека ваквата пракса на ширење груби лаги го мотивира дополнително како пратеник да покрене иницијатива за законско решение со кое ќе се стави крај на создавањето на лажна претстава за реалноста.

Секоја информација ќе мора да се провери пред да се објави, а доколку се стори спротивното, одговорноста ќе биде повеќекратна, порача тој.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата