Сакате евтин одмор?! Можно е и тоа во оваа земја

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сакате евтин одмор?! Можно е и тоа во оваа земја

Паднатата туристичка индустрија на Шри Ланка се обидува да ги врати туристите на плажите кои запустеа по смртоносните велигденски напади. Паѓаат цените на сместувањата во хотели и промовираат понудa на клучни пазари како Русија.

Туризмот, на кој отпаѓа околу 5% од БДП на Шри Ланка, е потопен по исламистичките напади со бомби на 21 април во луксузни хотели и цркви кога загинаа 250 луѓе, вклучувајќи и 40 странци, пренесе Ројтерс.

Англија, Индија и САД се меѓу земјите кои издадоа предупредување во врска со патувањето во Шри Ланка, остров со недопрени плажи, древни будистички манастири и зелени брда кои Лајонел планет ги селектираше како топ дестинација во 2019 година. Тие предупредувања доведоа до поплави од откажани резервации и пад на букинг.

За да привлече туристи назад, Шри Ланка е домаќин на меѓунардони спортски настани и го суспендираше правилото за минимална цена на хотелски сместувања.

Државната авио-компанија Шриланкан ерлајнс нуди посебни погодности и заедно со владата работи на промоција во странство.

Хотелите даваат невидени попусти, додека агенциите нудат бесплатен превоз од аеродромот. Така на пример, Лаванга ризорт на југот од островоот нуди соби по 35 долари наместо вообичаени 75 – со пресметан појадок.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата