Австралија, САД и Франција на колена пред Македонија

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Австралија, САД и Франција на колена пред Македонија

Ден полн со емоции! Да знаете дека во моментов има едни деца на Алпите во кои секојдневно ги бијат битките со најголемите земји во светот. Толку храбро ја претставуваат нашата ДРЖАВА, многу ПОТ, СОЛЗИ, КРВ… На крајот скршени, исцрпени, храбро пред публиката имаат сила во еден глас да пеат за МАКЕДОНИЈА. Секоја чест и за навивачката група која нè следи во чекор по 100-ина км дневно. И за крај, овие деца денес ја направија ГОРДА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА. Голема благодарност и до родителите кои патуваа илјадници километри, гласи пораката на еден од организаторите, Драган Станојковски.

Ова се само дел од импресиите од првото учество на македонските фудбалски таленти кои беа дел од Јувентус светското првенство кое се одржа од 11 до 15 јуни во италијанскиот град Торино. Благодарение на организаторите на Јувентус Камп Македонија и фудбалскиот клуб Мондано, сонот да се биде дел од најтрофејниот италијански клуб стана реалност за фудбалерчињата од генерацијата 2006/2007 и 2008/2009.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата