Мајката на убиениот Пино објави пораки од Ангела и и порача: Ќе лежиш во ЗАТВОР доживотно!!! Ти ветувам!!!

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајката на убиениот Пино објави пораки од Ангела и и порача: Ќе лежиш во ЗАТВОР доживотно!!! Ти ветувам!!!

Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо, момчето кое со месеци беше пријавено за исчезнато, а потоа и беше пронајдено мртво, на својот Фејсбук-профил објави комуникација за која тврди дека е меѓу нејзиниот син Пино и осомничената Ангела.

„„Verba volant, scripta manent" "le parole volano, gli scritti rimangono". Ангела Ѓорѓиевска ќе лежиш во ЗАТВОР доживотно!!! Ти ветувам!!! #PRAVDAZAPINO Маја Трпковска, мајката на Пино“, напиша Трпковска под споделената фотографија. 

„Пред некој ден го сонувам Пино и ми вели: Мамо коцките се редат една по една! Ќе ги средиме. СРЦЕ на Мама он ме води до доказите! Господ крв не крое. Кога тогаш ќе има #PRAVDAZAPINO“, пишува мајката на Пино, која е доста активна на Фејсбук и каде постојано вели дека ќе се одмазди.

Колку за потсетување, Министерството за внатрешни работи соопшти дека е поднесена кривична пријава за две лица, осомничени дека го убиле Пинета Секондо. Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Како што се појаснува, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11 декември 2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје, а речиси пет месеци подоцна беше пронајден мртов во месноста викана Башинец, во атарот на село Љуботен. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата