САМО ЗА МАЖИ: Ако сакате да имате среќа, најдете си жена ЛАВИЦА, СТРЕЛЕЦ или РАК

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САМО ЗА МАЖИ: Ако сакате да имате среќа, најдете си жена ЛАВИЦА, СТРЕЛЕЦ или РАК

Мажите кои имаат партнерки родени во еден од овие хороскопски знаци ќе имаат многу среќа во животот, затоа ако сте соло и верувате во хороскоп тогаш време е да си најдете партнерка родена во некои од овие месеци и да си ја отворите среќата!

Лав
Жената лав ќе ви го претвори животот во најубава љубовна приказна, ќе ја стопли вашата душа и ќе ви отвори нови погледи на животот, за какви не сте ни сонувале. Како девојка и сопруга таа ќе биде скапоценост која со задоволство ќе ја покажувате, но и љубоморно ќе ја чувате од погледите на другите бидејќи нејзината величественост нема граници. Ќе ја обожавате, ќе се потпирате на неа бидејќи таа е онаа која никогаш не заборава на емоциите и потребите на својот избраник. Таа е вашиот животен сопатник, пријател, соборец во љубовта и проблемите, личност без која нема да можете да си го замислите денот. И самите ќе сфатите дека никој нема поискрено и пореално да ве сака од жената лавица, бидејќи нејзиното срце е искрено, несебично и смело, а нејзиниот лик, тело, поглед и глас ќе бидат вашата душевна храна и дрога.

Стрелец
Во сечија животна приказна постојат настани кои се паметат цел живот, а денот кога прв пат ќе ја бакнете оваа огнена кралица со леден поглед, тоа ќе биде едно од вашите најдраги сеќавања. Доколку сте имале среќа жена во знакот стрелец да ве одбере и да ве засака вие сте на половина пат до рајот. Таа ќе ви донесе толку возбудување и позитивна енергија, што ќе ви требаат три животи за да го потрошите сето тоа. Ќе го исполни вашиот живот со среќа, љубов и сила, а нејзиниот ум и бескрајна креативност ќе ви донесат целосно нова свежина во заедничкиот живот и работата. Совршен спој на љубовница и пријател.

Рак
Жените припаднички на овој знал се единствени и неповторливи, лојални и приврзани, дами за пример. Оваа жена во вашиот живот целосно ќе ги промени законите на физиката и ќе го преврти вашиот живот наопаку. Таа е во состојба од која било куќа да направи дом и да ви пружи искрена топлина во секој аспект од животот. Во креветот е истовремено нежна, силна, сензуална, нескротлива и непредвидлива. Нејзините бакнежи не може да ги купи целото злато на светот. Нејзината искрена душа бара личност која знае да сака и која ќе знае да ги разбере нејзините тивки воздишки. Совршена сопруга, грижлива и добра мајка, таа плени со својот вроден шарм кој го носи како вистинска дама, природно и спонтано. Таа е вредна и сестрана, за себе посакува маж кој ќе биде силен и одлучен, но и грижлив и одговорен.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата