УАПСЕНИ ТРОЈЦА СОУЧЕСНИЦИ ЗА ТРОЈНОТО УБИСТВО ВО БЕЛГРАД - три тела пронајдени во септичка јама

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
УАПСЕНИ ТРОЈЦА СОУЧЕСНИЦИ ЗА ТРОЈНОТО УБИСТВО ВО БЕЛГРАД - три тела пронајдени во септичка јама

Три лица се уапсени поради помагање во тројното убиство на Сурчин за кое осомничен е 25-одишниот Драгослав Јовановиќ.

Уапсени се М.С. (1988) поради сомнение дека извршил кривично дело тешко убиство во сооучество, Л.Д. (1997) тешко убиство со помагање и Н.Ќ. 91999) кој се сомничи за кривично дело помош на сторителите после извршеното кривично дело, соопштило српското МВР.

Постои сомнение дека мотив за убиството е паричен долг.

На М.С., Л.Д. и Н.Ќ. им е одредено задржување од 48 часа, после што ќе бидат изнесени во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Да потсетиме, телото на Неџа Ш, неговата мајка Даринка и неговата тетка Милјана беа пронајдени синоќа во околу 23 часот во септичка јама зад трговскиот центар во Сурчин на имот кој му припаѓа на Љубомир Јовановиќ, татко на осомничениот Драгослав. Нивното исчезнување било пријавено на 10. јуни.

Инаку, Јовановиќ изврши самоубиство откако во Нов Белград среде улица пукаше во својата 25-годишна сопруга Теодора, пред нивната 11-мкесечна ќерка која била во количка.

Мислејќи дека ја убил, тој пукал и во себеси,, па набрзо бил пренесен во болница, каде после неколку дена има подлегнал на повредите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата