НЕБОТО ГО ПАРАА МОЛЊИ: Исчезна ноќта, се стана бело, а народот не смееше на улица!

18.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НЕБОТО ГО ПАРАА МОЛЊИ: Исчезна ноќта, се стана бело, а народот не смееше на улица!

Повеќе од 10.000 молњи ја погодија Грција за 12 часа, соопшти денеска системот ЗЕУС на Националната опсерваторија во Атина, а уште полошо било во Хрватска.

Во одредени делови на Грција вчерашното невреме било проследено со град со величина на топчиња со дијаметар од 5 до 6 сантиметри, пренесуваат грчките медиуми.

Голем број на громови ја предизвикала комбинацијата на топлината и течната маса, измешана со висока атмосферска нестабилност над Грција.

Невреме проследено со град вчера ја погоди и Хрватска, каде за два часа забележени се повеќе од 13.000 удари од молња, пренесуваат хрватските медиуми.

Граѓаните во Хрватска биле во голем страв, повеќето од нив се сокриле во домовите, но за среќа не е забележан ниту еден удар од гром кој нанел било каква штета.

На сајтот Сивир ведер Јуроп, објавена е неверојатна фотографија на небото над Загреб изрешетано со молњи.

Невреме е забележано и во Далмација, каде најмногу дожд паднало над Динарида и на падините на Камешница. Истрамед наведува дека за време од два часа регистрирани се дури 16.360 удари од молњи.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата