КИКИ, КОКИ И КОМПАНИЈА ГИ АНГАЖИРАЛЕ ОЈО И ЗНМ: Героски предупредува: Рекетарите дојдоа по мене!

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
КИКИ, КОКИ И КОМПАНИЈА ГИ АНГАЖИРАЛЕ ОЈО И ЗНМ: Героски предупредува: Рекетарите дојдоа по мене!

Новинарот Бранко Героски, кој под огромен притисок неодамна поднесе оставка од уредничката позиција на Плус инфо, весник кој лично го осмисли и основа, откако замина од весникот започна да објавува серијал приказни за рекетарска шема во земјава. Во приказните, како што самиот ги нарекува, со измислени имиња на личностите, нез да открива повеќе информации од нужните, раскажува вистински настани.

Утрово излезе третата приказна од серијалот, а веќе вечерва Героски објави дека „рекетарите сакаат да ги злоупотребат ОЈО и ЗНМ за да ме замолчат“. Героски и претходно предупредуваше дека добива закани.

Пренесуваме дел од неговиот текст, а целиот можете да го прочитате ТУКА.

Откако не успеаја да ме замолчат со клеветнички напади преку неколку наши парапортали, рекетарите поврзани со еден наш медиум ги повикуваат на помош Основното јавно обинителство и Здружението на новинарите на Македонија, тврдејќи дека мојот серијал за рекетарската багра бил, всушност, рекетирање?!

Да потсетам и да прецизирам. Во ниту еден од моите написи за нашите фиктивни јунаци Коки, Кики и компанија, не се спомнува конкретен медиум. Сите имиња на личностите се измислени. Сите себепрепознавања се надвор од мојата одговорност. Тоа е позната литерарна постапка, кога се пишува за вистински настани, но со измислени ликови.

Моите приказни, де јуре, се фикција. Засега. Ако истражните органи решат да ја утврдат вистината, можно е тоа да се промени. Но, за тоа – потоа.

Секој нормален човек (новинар, политичар или било кој друг) што ќе се обиде со јавен исказ моите приказни и мене да нѐ доведе во врска со конкретни медиуми или личности, ќе се соочи со тужба за клевета. Предупредувам остро, да нема непотребни истрчувања!

Се разбира, рекетарската багра тоа го знае и затоа ангажира еден ненормален лик, за кого знае дека нема да биде тужен од моја страна, бидејќи секогаш може да се вади на лудило. А и тој се плаши, не е до толку луд, па ја копира мојата постапка – клевети, но избегнува да го спомне моето име, во страв дека ќе се соочи со тужба. Всушност, не е тој толку умен да смисли нешто такво, туку рекетарскиот штаб што стои зад него.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата