ОВДЕ НЕ: Забранети фотки и селфија за кои се оди во затвор

17.06.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ОВДЕ НЕ: Забранети фотки и селфија за кои се оди во затвор

Aко не е на социјалните мрежи како да не се случило. Секое патување мора да биде засведочено со барем една фотографија, која ќе собере доволно лајкови за целосно доживување на патувањето. Но, има селфија кои можат скапо да ве чинат или, не дај боже, да заглавите во затвор

Што сè не смеете да фотографирате ако се одлучите да патувате во:

Ватикан – Сикстинската капела 

Противзаконски е да се фотографира внатре во капелата. Постои посебна забрана за фотографирање на плафонот насликан од Микеланџело. Само јапонска телевизија имала ексклузивна дозвола во 1997 година да стори тоа. Секако, не бесплатно – ексклузивата ја платила со финансирање на тогашната реставрација на капелата.

Италија – Санта марија де ла Грација 

Не смеете ниту да помислите да ја фотографирате „Последната вечера“ на Леонардо д Винчи, која се наоѓа во црквата Санта Марија де ла Грација во Милано.

Франција – Ајфеловата кула

Ако сте во париз и сакате за спомен да ја понесете Ајфеловата кула со вас покрај неа, сторете го тоа додека е ден. Ноќните фотографии и видеа од Ајфеловата кула за комерцијални цели се строго забранети и се казнуваат.

Дубаи

Фотографии од Дубаи не се забранети доколу не се користат во коемрцијални цели. Во спротивно, ако не сте добиле дозвола од властите, а ве фатат, ќе си платите парична казна и ќе си одлежите во затвор.

Египет – Долината на кралевите

Факт е дека многу малку фотографии ѝ се достапни на јавноста од египетската Долина на кралевите, што едоволно зборува за какви мерки на забрана се работи, пренесува Кликс.ба, пренесува република.мк

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата